септември 18, 2020
14-21 септември – Недела на борба против туберкулоза

14-21 септември – Неделата на борба против туберкулоза
Преку одбележиување на Неделата на борба против туберкулоза сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.
И покрај значителниот напредок во текот на последните децении, ТБ продолжува да биде врвен заразен убиец низ целиот свет, одземајќи повеќе од 4.500 животи дневно и околу 30 000 луѓе дневно се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува. Појавата на туберкулоза отпорна на лекови претставува голема опасност по здравјето и ризик за придобивките стекнати во напорите да се стави крај на ТБ.
Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како ( треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни- непрепознатливи и во тек на неколку месеци.
Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година. Без соодветен третман, 45% од ХИВ негативните лица со ТБ во просек и скоро сите лица со позитивни ХИВ наод ќе резултираат со смртен исход.