
јуни 15, 2020
Црвен крст Кичево заедно со кичевската полиција реализираа активности за следење на мерките за заштита од КОВИД-19
Денес (13.6.2020), волонтерите на Црвен крст Кичево заедно со СВР Кичево, спроведоа заедничка активност за следење на превентивни мерки за заштита од COVID-19 вирусот меѓу населението.Согласно препораките на Владата на РСМ за заштита и превенција од актуелниот COVID-19 вирус на лицата во патнички моторни возила и случајни минувачи им беше мерена телесна температура, беа поделени заштитни маски и информативни флаери за задолжителноста од носење заштитна опрема.Самиот настан беше одржан со цел дополнително информирање на јавноста за важноста и ефикасноста за следење на препораките дадени од Владата на РСМ.