
24-ти Општински натпревар по Прва помош
На 28.05.2016 пред просториите на ООЦК-Кичево се одржа 24-ти Општински натпревар по прва помош. На натпреварот учество зедоа 10 екипи од средните и основните училишта од Кичево.
– Од средните општински училишта се пријавија 4 екипи и тоа
- ОСУ –“Дрита” 2 екипи
- ОСУ –“Мирко Милески” 2 екипи.
– Од основните училишта се пријавија вкупно 6 екипи и тоа
- ОУ – “Владимир Полежиноски” 1 екипa
- ОУ – “Санде Штерјоски” 3 екипи
- ОУ – “Христо Узунов” 1 екипа
- ОУ – “Јонус Емре” 1 екипа
За време на натпреварот активно беа вклучени 5 доктори, 1 демонстратор, 10 волонтери како и стручната служба од ООЦК-Кичево, се со цел успешно и експедитивно реализирање на натпреварот.
Резултатите од спроведениот натпревар се следни:
– Од основните училишта:
- ОУ – “Владимир Полежиноски”
- ОУ – “Санде Штерјоски” – македонска паралелка
- ОУ – “Јонус Емре”
- ОУ – “Санде Штерјоски” – турска паралелка
- ОУ – “Санде Штерјоски” – албанска паралелка
- ОУ – “Христо Узунов“
– Од средните училишта:
- ОСУ – “Дрита” (медицинско)
- ОСУ – “Мирко Милески” (клуб на млади ООЦК)
- ОСУ – “Мирко Милески“
- ОСУ – “Дрита“
Учесниците од ОСУ “Дрита” екипата од II-9, тим бр.2 (медицинска насока), кои на натпреварот го освоија првото место во категорија на младина, ќе бидат нашите претставници на претстојниот државен натпревар по прва помош.
Веднаш по завршувањето на натпреварувачкиот дел и соопштувањето на резултатите, беше организиран мини коктел за сите присутни кои беа вклучени во релизацијата на овој општински натпревар по прва помош.
Настанот беше проследен од локалните медиуми и претставници од локалната самоуправа.