септември 26, 2019

Дефилирај, не се фолирај!

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Кичево денес со завршен настан ја одбележа ЦКА-ПХВ неделата. Секоја година во рамките на програмата се одбележува и недела на Промоција на хумани вредности и тоа од 21 до 27 септември. Оваа година се под мотото „Дефилирај,не се фолирај!“ се спроведе ПХВ дефиле во секој град. Дефилето започна од Дневниот центар за деца со посебни потреби во Кичево и заврши на градскиот плоштад. Преку овај настан се обидовме сите заедно и моќно да пратиме порака за вклучување, соживот, толеранција и мир.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Северна Македонија.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество. Тие во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.
Во текот на цилкусот 2019 година обуката ја поминаа 1100 младинци, и беа изработни 150 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа околу 3.800 лица од различни ранливи категории, вложувајќи околу 34.000 волонтерски часови.

< врати се назад