мај 5, 2020

Дистрибуција на хуманитарни пакети

Дистрибуција на хуманитарни пакети обезбедени од Фондацијата Отворено општество
Црвен крст на Република Северна Македонија –Општинска организација Кичево, во период од 01-03 мај,дистрибуираше 160 пакети храна, на семејства од ромската заедница од општина Кичево како помош за ублажување на последиците од корона кризата.
Хуманитарните пакети се наменети за ранливо население од ромска популација донација од Фондацијата Отворено Општество.

< врати се назад