ноември 4, 2019

Хуманитарен ракометен турнир Со срце за Симона

Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Кичево и Клубот на Млади во соработка со Р.К. Војнисон Кичево, на ден 02.11.2019г. во просториите на спортската сала Јанчица со почеток во 13:00h, се одржа спортски хуманитарен ракометен турнир под мотото “Со ❤️ за Симона”. На настанот учество зедоа следниве екипи: Р.К. Балтепе, Р.К. Војнисон, Р.К. Партизан-Ветерани, Р.К. Партизан-Кичево, Р.К. Горица, Р.К. Војнисон-Млади. Собраните парични средства од овој хуманитарен настан наменети се за лекување на четири годишната Симона Хаџи Тошев од Штип, која боледува од Акутна нелимфобластна леукемија. Благодарност до сите кои се вклучија и донираа за помош на малата Симона

< врати се назад