јули 22, 2020

Крводарителска акција

Крводарителска акција

На ден 20.07.2020 Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кичево, во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина спроведе крводарителска акција за граѓаните на општина Кичево. Крводарителската акција се одржа во просториите на Црвен крст со сите пропишани протоколи за заштита од КОВИД -19. Голема благодарност до сите дарители кои се одѕваа на овој настан и даруваа крв.

< врати се назад