
април 3, 2020
Мобилни тимови на терен Кичево
Секој ден од 08:30 – 12:30 ч Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кичево врши достава на намирници за потребите на старите и изнемоштените лица, лица со попреченост и самохраните родители кои живеат на територија на Општина Кичево.
Во текот на неделата на телефонската линија се примени 10 повици од страна на стари лица кои живеат сами и на истите им беше обезбедена соодветната барана услуга за набавка на потребни намирници.
Црвен крст Кичево дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19.