март 25, 2020

Мобилни тимови за поддршка

Имајќи ги предвид препораките за заштита и превенција од новиот вирус КОВИД-19, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кичево, во континуитет од почетокот на воведувањето на ограничувањата за движење на одредени ризични групи, започна со теренска сервисна услуга за набавка на храна, хигиена и лекови за старите и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и самохрани родители кои не можаат да излезаат од дома.
Од отворањето на телефонската линија , па се до денес во центарот за помош се обратија 38 домаќинства, на кои им беше обезбедена соодветната барана услуга за набавка на храна, хигиена и лекови.
Црвен крст продолжува да дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19.

< врати се назад