септември 21, 2020

НЕДЕЛА НА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ 21-27 СЕПТЕМВРИ

Според традиционалниот календар на Црвен крст на РСМ, секоја година од 21 до 27 септември се одбележува ЦКА-ПХВ, односно Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности. Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите. Секоја година се одбележува на различен начин. Еднаш танцуваме, глумевме, рецитиравме, но оваа година ќе пееме. Оваа година, на малку поинаков начин,сите заедно ќе пееме како еден глас,безразлика на околностите,нашата хуманост е бесценета и во време на пандемија. Волонтерите од секоја општинска организација имаа задача да напишат, аранжираат и снимат песна која го искажува искуството, добрината, хуманоста и се она што неуморно го вложуваат за да променат нечие утре. Да насмевнат нечие лице и стоплат нечие срце. Ова беше еден голем предизвик за нив, но со многу труд и посветеност прерасна во една преубава мелодиска песна која буди многу емоции.Ни претставува огромна чест и задоволство да ви ја претставиме нашата песна, изработена со многу љубов и топлина. Уживајте!

< врати се назад