
мај 21, 2020
Средношколска крводарителска акција
На ден 21.05.2020 година учениците од ОСУ Мирко Милески во соработка со Црвен крст Кичево и Центарот за трансфузиона медицина Кичево, организираа крводарителска акција. Акцијата беше наменета за сите матуранти кои доброволно сакаа да даруваат крв. Свесни за состојбата која го погоди целиот свет и свесни за потребите од крв и крвни продукти во време на КОВИД- 19, тие несебично ја покажаа својата хуманост и на еден поинаков начин го одбележаа крајот на нивнте средношколски денови.