
декември 6, 2019
Одбележување на 5ти Декември Светски Ден на Волонтерството
Волонтерството е важно средство за социјална вклученост и претставува важен пат кон градење на општествениот капитал во заедниците. Заради тоа постојано се инспирираат луѓето за вредностите на волонтирањето и ангажманот во Црвениот крст.
Црвениот крст на Република Северна Македонија го одбележа Светскиот Ден на волонтерството 5-ти декември, под мотото #БлагодаримеВолонтери
По овој повод годинава организацијата додели 3 признанија на истакнати волонтери. Добитници на признанијата се:
1. д-р Лулзим Јахоја – Општинска организација на Црвен крст Кичево.
2. Велева Новка – Општинската организација на Црвен крст Радовиш
3. д-р Владо Хаџи Наумов – Општинска организација на Црвен крст Велес