Одбележување на Недела на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија општинска организација Кичево

Младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија ООЦК Кичево во периодот од 01 – 07 Октомври секоја година традиционално ја одбележуваат „Неделата на млади“, во која што најчесто секој Клуб на млади организира отворен ден на кој го промовира волонтерството, волонтирањето во клубот на млади и активностите според кои клубот на млади е најпрепознатлив, и на тој начин да ги запознаат потенцијалните волонтери, партнери и граѓаните со истите.Во клубовите на младите во Црвениот крст на РСМ се вклучуваат лица до навршени 30 години, а се дел од речиси сите програмски активности кои ги спроведува организацијата.Оваа година имајќи ги во предвид актуелните состојби со Ковид 19, промоциите се случуваат локално преку социјалните мрежи и веб странита од општинската организација на Црвен крст Кичево.Во прилог ви го доставуваме нашето видео со слики од активности кои ги работиме преку целата година. Погледнете го и станете дел од нашето семејство “Клуб на млади”.