септември 22, 2021

Одбележување на Светскиот ден на прва помош под мотото ”Биди херој во твоето училиште и заедница!”

Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Кичево на ден 17.09.2021 година (петок) преку симулациска вежба го одбележа Светскиот ден на првата помош. Оваа година мотото на светскиот ден е „Биди херој во твоето училиште и заедница“. На Градскиот плоштад во Кичево беше организиран промотивен штанд за реално прикажување на повредите и начинот на ниво санирање со цел да се подигне свеста кај населението за значењето на првата помош како вештина која спасува живот. Црвениот крст редовно работи на активности за едукација на населението во делот на првата помош, а особено на младите. Биди и ти херој, научи прва помош!

< врати се назад