ноември 24, 2020

СЕТ СО СЛИКОВНИЦИ – ПОДАРОК ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кичево, во изминатиот период изврши дистрибуција на сет со сликовници наменети за децата во градинка и основно образование на возраст помеѓу три и седум години. Сликовниците се донација од Светска банка во соработка со Министерство за труд и социјала и Министерстовото за образование. Сетовите со сликовници се испечатени на македонски, албански, турски, ромски и бошњачки јазик. Во зависност од средината се делат на соодветниот јазик.

< врати се назад