
март 10, 2026
ЦКА ПХВ 2026
На 19 февруари се одржа првата од трите работилници од овогодинешниот циклус на програмата ЦКА–ПХВ на македонски јазик, во новите простории на Црвен крст Кичево.
Волонтерите се запознаа со историјата, мисијата и принципите на Црвениот крст, а преку интерактивна работа ги продлабочија своите знаења и ја зајакнаа својата улога во заедницата. Работилницата беше успешно реализирана од дисеминаторот и мини-менторите во позитивна и инспиративна атмосфера.















































