
март 10, 2026
Втора сесија на ПХВ / Sesioni i dytë i PVH
На 27.02, во новите простории на Црвен крст Кичево се одржа втората ПХВ работилница со македонската група од овогодинешниот циклус.
Работилницата се реализираше во позитивна и продуктивна атмосфера, со активно учество и ангажман на волонтерите. На работилницата присуствуваа секретарот и координаторот за млади на Општинската организација на Црвен крст Кичево, кои дадоа поддршка и охрабрување за понатамошната работа на младите.
Свое учество зеде и професорката Валентина Спиридоноска, долгогодишен инструктор во програмата ЦКА–ПХВ, која со своето искуство и знаење придонесе кон квалитетна реализација на работилницата и дополнителна мотивација за учесниците.














































